фјорд | м.
Тесен, долг и длабок морски залив.
флагрантен | прид.
Што е очевиден, несомнен. Флагрантно кршење на законот. Флагрантна спротивност.
Фламанец | м.
Припадник на етничка група од областа Фландрија, Белгија.
фламенко | ср.
Шпански народен танц.
фламинго | ср.
Птица со долги нозе, врат и клун, со бели перја или со пламено црвена боја; Phoenicopterus.
Фландрија | ж.
Област во Белгија.
фланел | м.
Лесна, обично волнена или памучна ткаенина со влакнеста површина.
фланелски | прид.
Што е направен од фланел. Фланелска кошула. Фланелски шал.
фластер | м.
Леплива лента што се користи при преврски.
флаута | ж.