флигорнист | м.
Музичар што свири на флигорна.
флинта | ж.
Жена со лесен, сомнителен морал.
флипер | м.
Вид електричен билјард. Играше со флипери.
флиперница | ж.
Место каде што се игра флипер.
флобер | м.
Детски револвер или пушка; пушка со една цевка со мал калибар.
флоберка | ж.
фломастер | м.
Вид хемиско пенкало во боја со дебел отпечаток. Црта со фломастери. Подвлекува во книгата со фломастер.
флор | м.
Лесна прозрачна ткаенина од свила, волна, лен и др.
флора | ж.
Растителниот свет, целокупноста на растителните видови во некоја област или во определен временски период. Флората на Македонија. Медоносна флора. Егзотична флора.
флорет | м.
(спорт.) Тенок меч за спортско мечување со кугличка на врвот.