Флорида | ж.

Сојузна држава на САД.

флорин | м.

Парична едница во Холандија.

флористика | ж.

Наука за флората.

флоскула | ж.

(арх.) Украс на говорот.

флота | ж.

Сите воени и транспортни бродови на една држава. Трговска флота.

флотација | ж.

(техн.) Технолошки процес на издвојување на рудата од разни примеси со миење на рудата со вода или со воден раствор.

флотен | прид.

Што се однесува на флота.

флотила | ж.

Одред од мали воени бродови што дејствуваат во реки, езера или покрај брегот на морето.

флувијален | прид.

Што е речен, созаден од речната вода. Флувијални наноси.

флуид | м.

Течно или гасовито тело.