флуктуација | ж.

(техн.) Бранување, променливо струење на течност.

флуктуира | несв.

Се колеба, се менува, се бранува, е непостојан. Цените флуктуираат во последното тромесечје. Бројот на работниците постојано флуктуира.

флуор | м.

Хемиски елемент од групата халогени елементи, зеленикавожолт гас со омамен мирис; симбол F.

флуоресцентен | прид.

Што се однесува на флуоресценција, што има својство на флуоресценција. Флуоресцентна реклама. Флуоресцентно осветлување. Флуоресцентна светлина.

флуоресценција | ж.

Својство на некои тела да испуштаат светлина под дејство на зрачење со кратки бранови; испуштање на таква светлост, зрачење со таква светлост.

флуоресцира | несв.

Има својство на флуоресценција, зрачи со флуоресценција.

фоаје | ср.

Во театар, кино, концертна сала и сл. ‒ просторија во која се задржува публиката пред претставата и за време на паузите. Во фоајето беше отворена ретроспективна изложба.

-фоб | претс.

Како втор дел од сложенки со значење дека некој го мрази, не го поднесува тоа што е означено со првиот дел (на пр. ксенофоб ‒ тој што мрази, што не поднесува странци).

фобија | ж.

Неразбирлив, неоправдан страв што се јавува кај некои душевни заболувања; нерационален страв воопшто. Имаше силна фобија од вода. Социјална фобија.

фодул | м.

Тој што се однесува вообразено, надуено. Натокмен фодул. И двајцата фодули, кој од кој поголем.