фодулен | прид.

Што се однесува на фодул. Фодулен поглед.

фодули се | несв.

Се крева на големо, се вообразува, се гордее. Се фодули со облеката.

фодуллак | м.

Гордост, вообразеност. Неговиот фодуллак беше прочуен во чаршијата.

фодулштина | ж.

Состојба на тој што е фодул.

фока | ж.

Морски цицач, добар пливач со вретенесто тело и краток врат и нозе претворени во перки налик на весла што живее во северните мориња; Phoca vitulina.

фокален | прид.

Што се однесува на фокус; Фокална линија.

фокстериер | м.

Вид англиски пес лисичар, енергичен, силен, со мазно или грубо крзно.

фокстрот | м.

Вид танц со брз ритам по потекло од Америка.

фокус | м.

(физ.) Во физиката ‒ точка во која се собираат прекршени или одразени зраци.

фокусен | прид.

Што се однесува на фокус. Фокусна раздалеченост. Фокусна точка.