фокусира | св. и несв.

Насочи, насочува, сосредоточи, сосредоточува внимание, напор и др. кон некого или на нешто.

фол | м.

Измислица, лага, невистина; штос. Остави ги тие фолови дома. Не му успеа фолот.

фолио | ср.

Формат на книга во големина на половина табак.

фолира | несв.

Лаже, мами, измислува. Доста фолираш, седни еднаш веќе да учиш. Тој цело време фолирал.

фолирант | м.

Тој што фолира.

фолија | ж.

Многу тенок лист од метал или од пластични маси што служи за пакување, завиткување и сл. Алуминиумска фолија. Фолија за пакување.

фолијант | м.

Книга во фолио‒формат.

фолк | м.

Музички фолклор.

Фолкландски Острови | м.

Британски архипелаг во Атлантскиот Океан.

фолклор | м.

Целокупноста на народното творештво (митови, обичаи, обреди, песни, носија, танци и др.) на еден народ.