фолклорен | прид.

Што се однесува, што припаѓа на фолклор. Фолклорен ансамбл. Фолклорни материјали.

фолклорист | м.

Специјалист по фолклор.

фолклористика | ж.

Наука за народното творештво, за фолклорот.

фолклористички | прид.

Што се однесува на фолклорист и фолклористика. Фолклористички друштва. Фолклористички истражувања.

фолклорност | ж.

Присуство на фолклорни елементи во некое дело. Присутна е изразена фолклорност во неговите песни.

фон | м.

Основна боја, тонот врз кој се пишува или црта нешто. Геометриски мотиви вткаени на интензивен црвен фон.

фонд | м.

Парични и материјални средства определени за некоја цел. Инвестициски фонд. Научен фонд. Владини фондови.

фондација | ж.

Добротворна установа чиишто средства се наменети за некоја цел (хумана, просветна, културна и сл.). Фондацијата ќе ги помага младите уметници.

фонема | ж.

Глас, звук што се користи за разликување на значењата на зборовите и морфемите.