фонетика | ж.

Гласовниот состав на еден јазик.

фонетичар | м.

Специјалист по фонетика.

фонетски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на фонетика. Фонетски закони. Фонетски правопис. Фонетски испитувања.

фонограма | ж.

Тоа што е запишано на фонограф.

фонограф | м.

Апарат што регистрира и репродуцира гласови.

фонографија | ж.

Снимање на звукот заради негова репродукција.

фонолог | м.

Специјалист по фонологија.

фонологија | ж.

Лингвистичка дисциплина што ги изучува фонемите од функционална гледна точка.