фонометар | м.
Во експерименталната фонетика ‒ апарат за мерење на силата на гласот.
фонотека | ж.
Збирка, архив на фонограми, магнетофонски ленти, касети и сл.
фонт | м.
Состав од знаци од ист вид, ист облик и големина со верзии од задебелени, коси и задебелени коси знаци што се користи при компјутерско работење.
фонтана | ж.
Заграден простор, архитектонски и уметнички уреден во кој струи, тече, прска вода; водоскок. Фонтана во форма на лотосов цвет.
фор | м.
Напад, навала. Имаме слаб фор.
фора | ж.
Предност дадена на послаб, понеопитен. Му даде фора.
форинт | ж.
(истор.) Стара австриска парична единица.
форма | ж.
Надворешен вид, изглед на предмет, на дел од човечкото тело и сл. Кутијата имаше форма на пирамида. Обетките беа во форма на капка. Совршена форма.
формален | прид.
Што се однесува на формата, на надворешниот изглед на нешто. Ги исполнува формалните критериуми.
формализам | м.
Правец во уметноста и во некои науки што ѝ дава особено значење само на формата.