фортуна | ж.
Силна снежна бура проследена со ветер, вејавица, големо невреме. И фатија фортуни, кијамети, што глава не се подаваше надвор. Зафати невидена фортуна и целата земја ја покри дебел снег.
форум | м.
а) (истор.) Плоштад во стар Рим каде што се одвивал јавниот живот на градот. б) Јавно место, плоштад воопшто.
форхенд | м.
Вид удар во тенисот.
форца | ж.
Сила. Дај му форца!
фосил | м.
(геол.) Скаменет остаток од организам, растение или животно, од некогашни геолошки периоди.
фосилен | прид.
Што е скаменет. Фосилни организми. Фосилни остатоци.
фосфат | м.
(хем.) Сол на фосфорната киселина.
фосфатен | прид.
Што содржи фосфат. Фосфатни ѓубриња.
фосфор | м.
Хемиски елемент што се среќава во различни минерали во природата, кој е многу отровна и лесно запалива светлечка материја; симбол P.
фосфорен | прид.
Што содржи фосфор. Фосфорна киселина. Фосфорни руди. Фосфорни ѓубриња.