формулација | ж.
Јасно и концизно изразена мисла, законска одредба и сл; определба. Оваа формулација можеме да ја прифатиме како точна. Треба да се внимава на правилната формулација на речениците.
формулира | св. и несв.
Даде, дава точен, јасен и концизен израз на мисла, став, предлог и сл.; изрази, изразува нешто во вид на формулација. Правилата треба да се формулираат едноставно. Ќе предочам неколку заклучоци и ќе формулирам неколку поставки.
форсира | св. и несв.
Забрзано спроведе, спроведува нешто давајќи му предност, поттикне, поттикнува кон побрзо извршување; забрза, засили. Младите ги форсираат туѓите зборови. Тие го форсираа производството на овошје оваа година.
форсиран | прид.
Што е забрзан, напорен. Форсирано темпо.
форте | ср.
Во музичко дело - динамички знак за силна, гласна изведба на тоновите; самата таква изведба.
фортепијано | ср.
Вид музички инструмент сличен на пијано.
фортисимо | ср.
Во музичко дело ‒ динамички знак за многу силна, многу гласна изведба на тоновите; самата таква изведба.
фортификационен | прид.
Што се однесува на фортификација; фортификациски.
фортификација | ж.
(воен.) а) Гранка од военоинженерската специјалност што се занимава со утврдување на земјиштето за изведување борбени дејства и за заштита. б) Подигање и утврдување објекти за борбени дејства и за заштита и одбрана.
фортома | ж.