фосфоресцентен | прид.
Што се однесува на фосфоресценција, што има својство на фосфоресценција. Фосфоресцентен прав.
фосфоресценција | ж.
Својство на некои тела во темнина да ја испуштаат апсорбираната светлина; испуштање на таква светлина.
фосфоресцира | несв.
Има својство на фосфоресценција, предизвикува, прави, создава фосфоресценција.
фосфорно | прил.
Со светлина како фосфор. Фосфорно светат костените.
фота | ж.
Вид друштвена игра во која играчите како казна даваат залог, кој го откупуваат со извршување на тоа што од нив се бара.
фотелја | ж.
Дел од мебелот наменет за седење, широк и длабок, целосно тапациран платнен или кожен стол, со потпирач за рацете и грбот. Седеше опуштено во фотелјата и пиеше чај.
фотка | ж.
Фотографија.
фото | ср.
Фотографска снимка, фотографија. Направив неколку убави фотоси.
фото- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење: а) Фотографски: фотоапарат, фотолабораторија, фотодокументација и сл. б) Што се однесува на светлина: фотосфера, фотометрија.
фотоалбум | м.
Книга за чување фотографии.