фотоаматер | м.
Тој што се занимава со фотографија од љубов, од хоби.
фотоапарат | м.
Апарат што претставува темна комора со објектив и користи различни формати на филмски ленти; апарат за фотографирање; фотографски апарат.
фотоателје | ср.
Просторија, занаетчиски дуќан за професионално фотографирање.
фотогеничен | прид.
Што е погоден, згоден за фотографирање, што излегува добро на фотографија или на филмска лента. Фотогенично лице. Фотогенично момче.
фотогравира | ж.
Слика пренесена на бакарна плоча заради репродукција.
фотограф | м.
Тој што професионално се занимава со фотографија.
фотографира | св. и несв.
Направи, прави фотографија со фотоапарат, сними, снима со фотоапарат. Тој ги фотографира планинските пејзажи.
фотографија | ж.
(само едн.) Создавање слика врз плоча или лента осетлива на светлина, хартија и сл. со фотоапарат и нејзино трајно фиксирање со помош на специјални апарати и посебна технолошка (хемиска) обработка. Имам интерес за фотографија.
фотографски | прид.
Што се однесува на фотографија. Фотографски апарат. Фотографска лента. Фотографска снимка.
фотодокументација | ж.
Граѓа што содржи документи во форма на фотографија.