фотоелемент | м.
Уред што ја претвора светлосната енергија во електрична.
фотокопир | м.
Апарат, уред за фотокопирање.
фотокопира | св. и несв.
Направи, прави точна репродукција, фотокопија.
фотокопирен | прид.
Што служи за фотокопирање. Фотокопирен апарат.
фотокопирница | ж.
Продавница опремена со фотокопирни апарати којашто врши фотокопирни услуги.
фотокопија | ж.
Репродукција, слика на оригиналот добиена со копирање на фотокопирен апарат. Во прилог Ви доставувам фотокопија од документот.
фотолабораторија | ж.
Лабораторија во која со помош на специјални апарати и посебна технолошка (хемиска) обработка се развиваат филмови.
фотометар | м.
Уред за мерење на силата на светлината, особено на топлината што ја емитира изворот на светлина.
фотометрија | ж.
Гранка од оптиката што се занимава со мерење на силата на светлината, на топлината што ја емитира светлината и сл.
фотомонтажа | ж.
Монтажа на делови од различни фотографски снимки во една целина за да се добие впечаток на една фотографија.