фотомонтажен | прид.
Што се однесува на фотомонтажа.
фотон | м.
Елементарен квант на светлосна енергија и воопшто на електромагнетско зрачење.
фоторепортажа | ж.
Репортажа со фотографии од актуелни настани, личности и сл.
фоторепортер | м.
Репортер што ги илустрира репортажите со фотографии. Неколку фоторепортери го следеа настанот.
фоторобот | м.
Цртеж или фотографија на лик, најчесто на лице барано од полицијата, направени според описот на различни сведоци.
фотос | м.
Фотографија. Направи неколку фотоси на девојки.
фотосесија | ж.
Збир од фотографии направени со одредена намена (за ревии, аудиции, за новинарски текст и сл.).
фотосинтеза | ж.
Процес на производство на органска материја под дејство на сончевата светлина кај растенија што содржат хлорофил.
фотослог | м.
Вид печатарска техника, директно пренесување на текст на фотографска лента. Оддел за фотослог.
фотоснимка | ж.
Фотографија. Материјалот е ексцерпиран од фотоснимки на наведените ракописи.