фотосфера | ж.

Видлива светла површина околу Сонцето.

фототека | ж.

Збирка, архив од фотографии или фотографски негативи.

фототерапија | ж.

Лекување со помош на светлината, со сончева светлина или со помош на ултравиолетови зраци.

фототип | м.

Слика добиена со фотографски апарат што ја фиксира сликата на посребрена бакарна плоча сместена во темна комора.

фототипен | прид.

Што е отпечатен со претходно нанесување на фотографиран материјал врз стаклена или метална плоча. Фототипно издание.

фототипија | ж.

Литографска постапка за изработка на релјефни плочи со примена на фотографија и со нагризување со киселина.

фототипски | прид.

Што е добиен со примена на фототипија; фототипен. Фототипски изданија.

фотофиниш | м.

Фотографски апарат кој автоматски го регистрира редоследот на минување на тркачите низ целта.

фотохартија | ж.

Хартија со мазна површина за изработка на фотографии.