фотохемија | ж.

Гранка од хемијата што ги проучува хемиските реакции и промените на материјата предизвикани од светлосните зраци.

фотоцинкограф | м.

Тој што се занимава со фотоцинкографија.

фотоцинкографија | ж.

Правење клишиња со пренесување на фотографија на цинкова плоча.

фоја | ж.

Зимзелено иглолисно дрво; Дива фоја ‒ Juniperus excelsa; Питома фоја ‒ Juniperus foetidissima.

фрагмент | м.

Одломка, дел од литературно, научно, публицистичко, музичко или ликовно дело. Ќе наведеме неколку фрагменти од романот. Музички фрагмент.

фрагментарен | прид.

Што претставува дел од целина, што е во делови, во фрагменти. Фрагментарна керамика. Фрагментарни записи.

фраер | м.

Момче кое со своето ноншалантно однесување, начин на облекување и сл. е популарно во друштвото. Главен фраер е во маало. Сега сум како фраер, ми недостигаат уште фармерки и презрив поглед.

фраза | ж.

а) Зборовен состав, израз што искажува завршена мисла; реченица. Во разговорот дамите користеа и цели француски фрази. б) Затврден израз, затврдена конструкција.

фразеологизам | м.

Затврден израз (фраза), обично со преносно значење, што се употребува како готова единица при говорењето; фразеолошка единица.