фразеологија | ж.
(лингв.) Дел од лексикологијата што ги проучува фразеологизмите и целокупноста од сите затврдени изрази карактеристични за еден јазик. Фразеологија на македонскиот јазик. Народна фразеологија.
фразер | м.
Тој што фразира, што користи празни фрази. Треба да разбере дека има работа не со фразери, туку со луѓе кои знаат што прават.
фразерство | ср.
Фразерски, празен, извештачен начин на изразување; фразирање.
фразира | несв.
Се изразува, се служи со празни фрази. Не фразирај многу, знам што мислиш!
фрак | м.
Свечено машко палто, со изрез на предниот дел од градите и долги поли на задната страна. Облечен во црниот фрак се доближи до инструментот.
фрактура | ж.
Скршеница на коска. Фрактура на рака. Фрактурата брзо зарасна.
фракционер | м.
Член на фракција.
фракција | ж.
Организирана група истомисленици во рамките на поголема општествена организација, политичка партија и сл., која со своите погледи и ставови се издвојува од целината. Политичка фракција.
франга | ж.
Парична единица, златник од 20 франкови. Ако се сто франги, ќе земам десет. Го пазарил триста франги.
франк | м.
Основна парична единица во Белгија, Швајцарија и во некои африкански земји