Франк | м.
Припадник на германско племе, основачи на средновековната држава Франкија.
франко | прид.
Што е ослободено од плаќање поштарина или возарина; бесплатно.
франкофон | м.
а) Тој што припаѓа на франкофонската заедница. б) Тој што го зборува францускиот јазик.
франкофонија | ж.
Јазична заедница на франкофонските земји; збир од франкофонски земји.
Франкфурт | м.
Град во Германија.
Франција | ж.
Држава во Европа.
Француска Гијана | ж.
Француска територија во Јужна Америка.
франшиза | ж.
Дел од штетата што врз основа на договорот за осигурување ја сноси осигуреникот.
фрапантен | прид.
Што остава силен впечаток, што паѓа в очи; впечатлив. Фрапантна сличност. Еден фрапантен детаљ ми го привлече вниманието.
фрапира | св. и несв.
Направи, прави, остави, остава некому многу силен впечаток; изненади, изненадува, запрепасти, запрепастува. Таквите податоци збунуваат и фрапираат. Везот просто фрапира со исклучителната оригиналност.