фрас 1 | изв.
За подражавање висок, остар звук при удар со нешто. Фрас, фрас! фрчеше со стапот низ воздухот. Јас со цепеницата по црпката фрас и толку.
фрас 2 | м.
Грч што настанува од страв, особено кај мали деца. Малото добива фрасови, па го носев да го лекува.
фраска | несв.
Удира. Гранките ги фраскаа по рацете и лицето. Камшикот рамномерно фраскаше по коњите.
фрасне | св.
Удри силно со прачка, камшик и сл. Го фрасна со јатаганот по плеќи. Го фрасна коњот со пратот.
фратар | м.
Лице што припаѓа на католичкиот верски ред и живее во манастир; калуѓер, монах кај католиците.
фратрија | ж.
а) Во родовското уредување ‒ заедница од неколку родови. б) Братство, задруга, племе.
фрајла | ж.
Немажена жена, госпоѓица.
фрба | несв.
фрга | несв.
фргали | несв.