фрегата | ж.
(истор.) Воен брод со едра и три јарбола од 18 до 19 век.
фрегатен | прид.
Што се однесува на фрегата.
фреза | ж.
Машина со ротирачки запченици за режење, обработка на метал, дрво и др.; струг.
фрезер | м.
Тој што работи на фреза.
фрезија | ж.
Украсно растение со цветови распоредени во гроздови; Freesia.
фрезмашина | ж.
фреквентен | прид.
а) Што често се среќава; чест, зачестен. Фреквентни зборови. Фреквентна појава. б) Што е често, многу посетуван. Фреквентна улица.
фреквенција | ж.
Својство на тоа што се одвива во блиски интервали, на тоа што се повторува; често повторување, зачестеност. Според фреквенцијата на употреба тој е на второ место.
френг | м.
френгија | ж.