френгија | прид.

Само во изразот сабја френгија – остра француска сабја.

френетичен | прид.

Што е доведен до степен на голема возбуденост; одушевен, восхитен. Френетични извици. Френетичен говор. Френетичен аплауз.

френк | м.

Направа за заклучување; брава, клучалка. Потропа на вратата, го чкрапна френкот и виде дека е заклучено.

френклеиса | св.

Затвори со брава, заклучи.

фреон | м.

Хлорен или флуорен дериват на метан или етан што се користи како средство за замрзнување, во климатизери и др.

фреска | ж.

Слика изработена со водени бои на слој од свеж малтер.

фреско | ср.

Вид волнена ткаенина.

фреско- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење ‒ што се однесува на фреска.

фрескоживопис | м.

Фрескосликарство.