фрескосликар | м.
Тој што слика фрески.
фрескосликарство | ср.
Техника на сликање фрески.
фриволен | прид.
Површен, без вредност, неважен.
фригиден | прид.
Што е ладен, рамнодушен на сексуален план.
Фригија | ж.
Древна држава во Мала Азија.
фрижидер | м.
Апарат за домаќинство што служи за чување храна на определени ниски температури; ладилник.
фриз | м.
Во античката архитектура ‒ појас помеѓу главната греда над капителот и покривниот венец, обично украсен со орнаменти.
фризби | ср.
Мал, пластичен диск што лебди кога се фрла вртејќи се околу својата оска.
фризер | м.
Тој што професионално се занимава со средување, негување на косата и со правење фризури.
фризерница | ж.
Фризерски салон.