фризира | св. и несв.
Среди, средува коса некому; направи, прави фризура.
фризура | ж.
Начин на чешлање, стрижење, кадрење и сл. на косата.
фрикатив | м.
Струјна согласка; спирант.
фрикативен | прид.
Што се образува со струење на воздухот; струен. Фрикативни согласки.
Фритаун | м.
Главен град на Сиера Леоне.
фритеза | ж.
Електричен сад со метална цедалка за пржење храна во многу масло.
фри-шоп | м.
Продавница во којашто се продава стока што не подлежи на царина.
фрка | ж.
Мешаница, непријатност, несреќа и сл.
фрка | несв.
Боде, боли, жега. Ме фрка главата. Ме фркаат колената.
фркат | прид.
Што може да лета. Фркато пиле.