фалбаџиство | ср.
Неумерено фалење, обично самиот себеси. Зошто ни е ова фалбаџиство? Ја немаше во него веќе онаа животна сила и познатото фалбаџиство.
фалбен | ж.
фаленица | ж.
Фалење; Таа удри многу фаленици дека имаат со.
фаленичар | м.
Тој што се фали. Сериозен е во зборовите и не е фаленичар.
фали 1 | несв.
Искажува пофалба за особините на некого или за својствата на нешто. Го фалеа во писмата дека вредно учел и работел. Ги фалеше соседите дека се едноставни и воздржливи. Толку ја фалеше колата, а веќе му се расипала.
фали 2 | несв.
Недостасува, недостига. Му фалат уште десет денари за играчката. Што уште им фали?
фалимент | ср.
Банкрот на фирма, стечај, неспособност за плаќање. Соседот мој ќе даде фалименто, многу е заборчен, а слаб е со капитал
фалинка | ж.
Недостаток. А што се однесува до некоја фалинка, нема да најдат.
фалира | св. и несв.
Банкротира, отиде, оди под стечај. Или бргу ќе се збогатиме или бргу ќе фалираме. По неколку месеци дуќанот фалира.
фалител | м.
Тој што фали, што претерува во давање пофалби. А фалители на светов има многу.