фаличен | прид.
Што има некаков недостаток. Фаличен производ. Фалична кошула. Фаличен штоф.
фалсет | м.
фалсификат | м.
Лажен, фалсификуван предмет, производ, документ итн. Таа наводна негова слика се покажа обичен фалсификат. Грд фалсификат.
фалсификатор | м.
Тој што прави фалсификати. Фалсификатор на уметнички слики. Фалсификатор на документи. Фалсификатор на историјата.
фалсификаторство | ср.
Правење фалсификати, измамништво со фалсификати. Ние сме против секакви фалсификаторства. Ги обвинија за фалсификаторство.
фалсификација | ж.
Фалсификување на нешто. Фалсификација на документи.
фалсификува | св. и несв.
Изработи, изработува нешто лажно. Го фалсификува потписот. Фалсификува пари.
фалсифицира | св. и несв.
фалта | ж.
Набор на облека. Фустан со фалти. Фалти на здолништето. Фалти на панталоните.
фалус | м.
Машки полов орган.