фрустрација | ж.
Дејство на фрустрирање. Време на светска фрустрација и резигнација.
фрустрира | св. и несв.
Доведе, доведува некого во состојба на фрустрација.
фрустриран | прид.
Што е во состојба на фрустрација. Фрустриран човек.
фрушки | прид.
Само во изразот фрушко ноже.
фрфало | ср.
Вид детска играчка што се врти околу својата оска испуштајќи звук.
фрфул | м.
фрц! | изв.
За подражавање нагло, брзо, отсечно движење, гест, потег и сл. Таа стегната и престегната, ене ја: фрц, фрц! Тогаш тоа направи со својата долга опашка ‒ фрц! Не брзај за отворање да не се сети таа оти е дубарлак и фрц назад!
фрцка (се) | несв.
Оди предизвикувачки за да предизвика внимание, се врцка. Таа пред него се фрцкаше со новиот фустан.
фрцне | св.
Нагло мрдне, замавне. Кучката ги начули ушите и фрцна со опашката.
фрч | ж.
Кожени дисаѓи што служат за пренесување пошта.