фрча | ж.
Четка. Фрча за чевли.
фрчи | несв.
Произведува висок и остар звук, шум обично при брзо струење на воздухот или при брзо движење на некое тело низ воздухот. Надвор фрчат ветришта. Стапот фрчеше низ воздухот. Камшикот фрчи над нивните глави. Куршумите фрчеа на сите страни. По патот фрчат коли.
фрчоса | св.
Исчетка, исчисти со фрча. Фрчосај ги чевлите, нека светнат!
фскс-идеја | ж.
Мисла која некого постојано го следи, го прогонува, од која не може да се ослободи, што може да биде знак за душевно оболување.
ф'стак | м.
фтизиолог | м.
Лекар специјалист за туберкулоза.
фтизиологија | ж.
Гранка на медицината што се занимава со проучување и лекување на туберкулозата.
фуга 1 | ж.
Полифонична музичка композиција во која партиите, темите се повторуваат според определени правила.
фуга 2 | ж.
Меѓупростор, процеп меѓу ѕидани цигли, камен, залепени плочки и сл. исполнет со некаква смеса. Остави мали фуги на плочките.
фугира | св. и несв.
Изработи, изработува, прави, направи, образува фуги2.