фукса | ж.

Неморална жена, блудница и сл.

фуксија | ж.

Повеќегодишно украсно растение со лилаво-црвени цветови; Fuchsia.

фул | м.

Во покер ‒ добра комбинација што содржи тројка и пар од карти. Или блефираат или едниот од нив има фул.

Фунафути | ср.

Главен град на Тувалу.

фунд | м.

Завршок на населено место;

фундамент | м.

Темел, основа, постамент. Бетонски фундамент.

фундаментален | прид.

Што е во основата, основен, базичен; главен, важен. Фундаментално дело. Фундаментално значење. Фундаментални истражувања.

фундаментализам | зам.

Појава на радикално, фанатично и агресивно дејствување заради постигнување на определени верски, државно-политички и др. цели. Верски фундаментали Радикален фундаментали Националистички фундаментали

фундаменталист | м.

Приврзаник на фундаментализмот.

фундаменталистички | прид.

Што се однесува, што припаѓа на фундаменталист и на фундаментали