фундатор | м.

Основач, втемелувач.

фундира | св. и несв.

Удри, удира темел, заснова, засновува. Секоја воена стратегија фундира и врз одредени идеолошки постулати.

фундиран | прид.

Глаголска придавка од фундира.

фундус | м.

Имот; фонд, резерва.

функционален | прид.

Што се однесува на функција; што зависи од својата функција, од целта. Функционална анализа. Тие ги барале најфункционалните графиски и правописни решенија. Резултатите од образовниот процес треба да најдат функционална примена.

функционализам | м.

Социолошка теорија која општествените случувања ги толкува преку општите модели на органскиот систем.

функционалност | ж.

Својство, карактеристика на тоа што е функционално.

функционер | м.

Лице што врши некоја важна, одговорна општествена функција, тој што е на висока положба во некоја општествена организација, политичка партија и сл. Тие остварија средба со високи функционери. Партиски функционер.

функционира | несв.

Врши функција, е во функција, работи. Алегоријата е литературна постапка врз која функционира басната. Нашата соработка секогаш добро и без застој функционирала. Машината сега функционира.