фудбал | м.
(само едн.) Спорт во кој два тима со 11 играчи се обидуваат да ја сместат топката во противничкиот гол само со шутирање, без користење на рацете. Во неделата имаше натпревар во фудбал.
фудбалер | м.
Спортист што се занимава со фудбал, тој што игра фудбал.
фудул | прид.
фудуллак | м.
фузионира | св. и несв.
Изврши, извршува фузија, спои, спојува, соедини, соединува; интегрира.
фузија | ж.
Спојување, сврзување, слевање, стопување. Композицијата претставува фузија на елементите на блузот со елементите на џезот.
фука | несв.
фукне.
фукара | м.
Сиромав, бедник. Останале само неколку души фукари од секое село што не платиле.
фукаралак | м.
Сиромаштија, беда.
фукне | св.
Брзо, нагло удри, тресне некого. Тргни се, да не ти фукнам една!