функција | ж.

а) Професионално или друго задолжение, поле на дејност, работа; служба, должност. Тој имаше висока функција во општеството. Долго време е на раководни функции во фирмата. б) Задача, улога, цел. Воспитната функција на литературата се состои во формирање на личноста. Семинарот успешно ја исполнува својата функција.

фунта | ж.

Мерна единица за тежина во некои земји.

фураж | м.

Храна за добиток, добиточна, сточна храна. Стеблото и лисјата на шеќерната пченка се одличен фураж за добитокот. Овесот е наменет за исхрана на човекот и за фураж.

фуражен | прид.

Што се однесува на фураж, добиточен, сточен. Фуражни растенија. Фуражни култури. Фуражно производство.

фуражира | св. и несв.

Подготви, подготвува, снабди, снабдува добиточна храна, фураж.

фуражомелачка | ж.

Машина за мелење и ситнење на зрнеста сточна храна.

фурашка | ж.

Службена капа со тврда стреа како дел од униформа.

фургон | м.

Затворен вагон за превоз на багаж, поштенски пратки и др., сместен зад локомотивата.

фурда | ж.

Ситни отпадоци од нешто. Го наполни до врв теленото решето и фати да ја сее тутуновата фурда.

фури | несв.

Пренесува грозје од лозјето до домот.