фуриозен | прид.

Бесен, див. Фуриозен напад. Фуриозно темпо.

фурија | ж.

Во староримската митологија ‒ божица на одмаздата.

фурка | ж.

Дрвена алатка, во горниот дел во форма на виљушка, на која се намотува каделата за предење; урка. Седна покрај огнот и ја запна фурката да преде.

фуркета | ж.

Широка и долга шнола за придржување на косата, обично во кок. Во задниот дел косата се поткреваше во кок, прикрепен со дузина фуркети.

фуркетка | ж.

Безопасна игла.

фурна | ж.

Ѕидана или електрична печка за печење леб и др. јадења. Од ѕиданата фурна се ширеше топлиот мирис на леб. Јагне печено во фурна.

фурнаџија | м.

Тој што пече леб и др. печива; тој што продава леб и др. печива; пекар.

фурник | м.

Тој што го пренесува грозјето за време на бербата.

фурнир | м.

Материјал добиен со лепење на тенки дрвени листови под притисок.