хексаметар | м.
Стих од шест дактилски стапки.
хектар | м.
Единица мерка за површина на земјиште која изнесува 100 ари или 10 000 квадратни метри. Хектар житни полиња. Три хектари.
хекто- | претс.
Како прв дел од сложенки означува дека вториот дел од зборот се однесува на бројот 100: хектолитар.
хектограф | м.
Направа за копирање, умножување на ракописи и цртежи; шапирограф.
хектолитар | м.
Единица мерка за течност која изнесува 100 литри.
хеланки | и.
Растегливи женски панталони припиени до телото.
хелда | ж.
Вид житно растение со зрнест, триаглест плод; Fagopyrum esculentum.
хеликоптер | м.
Летало што се движи со помош на пропелер во горниот дел на леталото, што полетува и слетува вертикално. Воен хеликоптер. Хеликоптер за брза медицинска помош. Над зградата прелетуваше хеликоптер.
хелио- | претс.
Како прв дел од сложенки означува дека вториот дел од зборот се однесува на Сонце, сончев: хелиограф, хелиотерапија, хелиоцентричен.
хелиограф | м.
Телескоп со направа за фотографирање на Сонцето.