хелиодром | м.
Место за полетување и слетување на хеликоптери. Градски хелиодром. Хелиодромот на болницата.
хелиотерапија | ж.
Лекување болести со помош на сончевата светлина. Го лекуваа со хелиотерапија.
хелиотропизам | м.
Својство на некои растенија да се вртат кон изворот на светлина.
хелиум | м.
Хемиски елемент во гасовита состојба, безбоен и најлесен гас веднаш по водородот; симбол He.
хелиумов | прид.
Што му припаѓа, што се однесува на хелиум. Хелиумови соединенија.
Хелсинки | ср.
Главен град на Финска.
хематит | м.
Вид минерал со темносива сребреникава боја со висок процент на железо.
хематолог | м.
Специјалист по хематологија.
хематологија | ж.
Научна област од медицината што се занимава со проучување на крвта и со лекување на болестите на крвта.
хематолошки | прид.
Што се однесува на хематолог и на хематологија.