хематом | м.
Поткожен излив на крв, модрина.
хемизација | ж.
Искористување и примена на резултатите од хемијата во индустријата и земјоделството.
хемија | ж.
Наука што се занимава со градбата на материите како и со процесите и резултатите од нивните меѓусебни реакции. Органска хемија. Неорганска хемија.
хемикалија | ж.
Хемиски производ, препарат на хемиската индустрија. Отровни хемикалии. Хемикалиите се чуваат во добро затворени садови.
хемиски | прид.
Што се однесува на хемија, на појавите и процесите што ги проучува хемијата. Хемиска анализа. Хемиски елемент. Хемиска реакција. Хемиски експеримент. Хемиска формула.
хемисфера | ж.
Едната Земјина полутопка. Јужна хемисфера. Северна хемисфера.
хемичар | м.
Специјалист по хемија. Хемичар со светска слава.
хемоглобин | м.
Материја што е составен дел на крвта и ѝ ја дава црвената боја.
хемороид | м.
Болест со проширени крвни садови на дебелото црево;
хемотерапија 1 | ж.
Лекување на болести со хемиски средства.