хемотерапија 2 | ж.

Лекување на болести по пат на тренсфузија на крв или крвен серум.

хемофилија | ж.

Наследна болест на крвта поврзана со намалено или полно отсуство на згрутчување на крвта.

хендикеп | м.

Пречка, тешкотија, проблем воопшто.

хендикепира | св. и несв.

Спречи, спречува, отежне, отежнува, создаде, создава проблем. Болеста го хендикепира.

хендикепиран | прид.

Глаголска придавка од хендикепира.

хепатитис | м.

Болест на црниот дроб; жолтица.

хепенинг | м.

Современо уметничко дело (сценско, музичко, ликовно) засновано на импровизација, чија главна цел е да изненади, да шокира.

хепиенд | м.

Среќен крај на литературно или уметничко дело – роман, филм, театарска претстава и сл.

Хераклеја | ж.

Древен град во Македонија, во близина на Битола.

хераклит | м.

Градежен материјал за изолација.