хералдика | ж.

Наука што се занимава со опишување и проучување на грбови2.

хералдичар | м.

Специјалист по хералдика.

хербариум | м.

Збирка од засушени и пресувани растенија што служи за учење по ботаника. Училиштен хербариум. Цвет од хербариумот.

хербицид | м.

Хемиски соединенија, препарати што служат за уништување на плевелните растенија. Органски хербициди.

хермафродит | м.

Организам што има полови органи или карактеристики од обата пола.

хермелин | м.

(зоол.) Вид ласица со карактеристично бело, многу ценето крзно; Mustela ermineas.

херметизира | св. и несв.

Затвори, затвора цврсто во безвоздушен простор, без можност за проток на воздух.

херметичен | прид.

Што е цврсто затворен и не пропушта воздух. Херметичен сад.