хернија | ж.
Излегување на внатрешните органи или нивни делови од нивното природно лежиште во најблиската празнина или под кожата;
хероизам | м.
Способност, храброст за јуначки подвизи. Национален хероизам. Хероизам во остварување на идеалите.
херој | м.
Тој што се одликува со извонредна храброст; јунак. Народен херој.
херојски | прид.
Што е својствен на херој, што е способен за јуначки подвизи; храбар, смел. Херојски чин. Херојска борба.
херојство | ср.
Особина на тој што е способен за големи подвизи.
херпес | м.
Кожна болест со мали групирани меурчиња исполнети со гној или лимфна течност на различни места од телото.
херувика | ж.
Црковна песна во која се споменуваат херувимите.
херувим | м.
Ангел од највисок ред во христијанството. Највисокиот ангелски ред го сочинуваат херувимите, серафимите и архангелите.
херц 1 | м.
Единица за мерење на фреквенцијата на наизменичните струи што всушност претставува зачестеност на периодична појава чијашто периода трае 1 секунда; ознака Hz.
херц 2 | м.
Боја во карти, срце. Дама херц.