херцег | м.
Висока феудална наследна титула на дворјанин што владее со херцеговина.
херцеговина | ж.
Територија, област со која владее херцег.
херцегува | несв.
Владее како херцег.
херцог | м.
хетера | ж.
Во Стара Грција ‒ убава, неомажена, образувана жена со манири којашто води слободен живот; блудница.
хетероген | прид.
Што е составен од различни, разнородни делови; Хетероген репертоар. Хетероген етнички состав. Хетерогени материјали.
хетеросексуален | прид.
Што има сексуална наклоност кон спротивниот пол.
хетеросексуалец | м.
Тој што има сексуална ориентација кон спротивниот пол.
хетеросексуализам | м.
Природен полов нагон кон претставници од спротивниот пол.
хетеротрофен | прид.
Што не произведува храна, туку се храни со готова храна. Хетеротрофни растенија.