Хетит | м.
Припадник на древен народ во Мала Азија.
хет-трик | м.
Во фудбалот – три погодоци од ист играч на еден натпревар.
хефта | ж.
Метални делови што се ставаат во хефталката и со кои се хефта.
хефта | несв.
Спојува, прицврстува листови хартија; закопчува.
хефталка | ж.
Направа што служи за спојување на листови хартија.
хи! | изв.
Повторено се употребува за изразување блага смеа или потсмев. Хи, хи, хи – се слушаше зад вратата. Хи, хи! – подбивно се насмеа.
хибернација | ж.
Кај некои животни – зимски сон од неколку месеци кога животните функции се сведени на минимум.
хибрид | м.
Растение или животно добиено со вкрстување на две единки од различни видови, сорти, раси; мелез. Родноста кај хибридите е поголема. Пченка хибрид добиена со вкрстување на старите сорти.
хибриден | прид.
Што се однесува на хибрид. Хибридна пченица. Хибридна раса. Хибриден суфикс. Хибридно образување.
хибридизација | ж.
Вкрстување на различни наследни особини од родителите кај растенија и животни за да се добијат нови поквалитетни сорти и видови.