химничен | прид.

Што се однесува на химна, што има својства на химна. Химничен тон. Химничен карактер.

химнографија | ж.

Пишување и проучување на химни.

хинди | м.

Службен јазик на Индија.

хипер- | претс.

Како прв дел од сложенки означува дека тоа што го означува вториот дел од зборот е прекумерно, над нормалата: хиперпродукција, хипертензија, хипертрофија.

хипербола 1 | ж.

Стилско изразно средство со кое се пренагласува, се преувеличува заради засилување на впечатокот. Епска хипербола. Авторот се служи со хиперболи и компарации.

хипербола 2 | ж.

Отворена крива линија што се добива кога ќе се пресече конусот со површина паралелна на неговата оска.

хиперболизација | ж.

Користење, употреба на хипербола.

хиперболизира | св. и несв.

Пренагласи, пренагласува, преувеличи, преувеличува нешто.

хиперболичен | прид.

Што се однесува на хипербола1; претеран, преувеличен. Хиперболичен лик. Хиперболични епитети.

хипервитаминоза | ж.

Состојба на организмот поради прекумерно примање на еден или повеќе витамини.