хиперманган | м.
Пурпурноцрвеникава материја во вид на ситни кристали со метален сјај чијшто многу разреден раствор со вода се користи за дезинфекција на кожата.
хипермодерен | прид.
Што е според најновата мода; супермодерен.
хиперпродукција | ж.
Прекумерно, претерано производство; суперпродукција.
хиперсензитивен | прид.
Што е претерано чувствителен.
хипертензија | ж.
Висок артериски крвен притисок.
хипертермија | ж.
Покачена температура на телото.
хипи | прид.
Што се однесува на хипи-правецот. Хипи-движење. Хипи-облека.
хипи | ср.
Движење на младите во шеесеттите години на 20 век, засновано на ненасилство, кое се јавува како протест против индустриското потрошувачко општество и се залага за слобода во сите области на животот и за живот во заедница.
хипик | ж.
Следбеник, следбеничка на хипи-правецот.
хипноза | ж.
Состојба на вештачки сон предизвикан со сугестија.