ходник | м.

Тесен, долг внатрешен простор во стан, хотел, зграда за влегување во другите простории;

хокеар | м.

Тој што игра хокеј, спортист што се занимава со хокеј. Славен хокеар. Хокеарите излегоа на теренот.

хокеј | м.

Вид екипен спорт со специјални палки со кои се води топчето или плочката кои треба да се втераат во противничкиот гол. Хокеј на трева. Хокеј на мраз.

хол | м.

Пространо претсобје на јавен објект. Осветлен хол. Хол поплочен со мермер.

Холандија | ж.

Држава во Европа.

холестерол | м.

Сложена хемиска материја што се наоѓа речиси во сите клетки на организмот; зголеменото ниво предизвикува болест на крвните садови и сл.

Холивуд | м.

Предградие на Лос Анџелес, САД.

холокауст | м.

Жртва спалена во ритуален оган кај старите Грци и Римјани.