Холивуд | м.

Предградие на Лос Анџелес, САД.

холокауст | м.

Жртва спалена во ритуален оган кај старите Грци и Римјани.

хомеопатија | ж.

Начин на лекување со помош на билки, вода и народни лекови со избегнување на синтетички лекови.

хомоген | прид.

Што е истороден по својства, состав, потекло; еднаков, истоветен, Хомоген тим. Хомогена градба. Хомогена поетска збирка.

хомогенизација | ж.

Изедначување на нешто што е различно, претворање на нешто разнородно во нешто истоветно, компактно.

хомоним | м.

Збор што е ист по гласовниот состав со друг збор, но е со различно значење;

хомонимен | прид.

Што се однесува на хомоним и на хомонимија.

хомонимија | ж.

Појава на зборови со различно значење, а ист гласовен состав.

хомосексуален | прид.

Што има сексуална наклоност кон истиот пол на којшто припаѓа.

хомосексуалец | м.

Тој што има сексуална наклоност кон лица од истиот пол.