хомосексуализам | м.

Полов нагон кон лица од истиот пол.

хомофонија | ж.

Истакнување на еден глас (главен) во повеќегласовна музичка композиција.

Хонгконг | м.

Пристаништен град во Кина.

Хондурас | м.

Држава во Средна Америка.

Хонијара | ж.

Главен град на Соломонови Острови.

Хонолулу | ср.

Главен град на Хаваи, САД.

хонорар | м.

Парична награда, надоместок по договор за извршена квалификувана работа на писатели, актери, адвокати и сл. Авторски хонорар. Добиваше солиден хонорар.

хонорарен | прид.

Што се однесува на хонорар. Хонорарна служба.

хонорира | св. и несв.

Плати, плаќа некому хонорар, определи, определува некому сума за хонорар. Тој добро ги хонорираше соработниците.

хор | м.

(истор.) Во старогрчката драма – група уметници што пееле песни и рецитирале стихови.