хорографија | ж.

Опис на некоја земја или на некој крај.

хорор | м.

Страв, ужас.

хороскоп | м.

Положбата на ѕвездите, Сонцето и Месечината во определено време прикажана според астролошките правила. Дневен хороскоп. Годишен хороскоп.

хорски | прид.

Што се однесува на хор. Хорски натпревар. Хорски гласови.

хортензија | ж.

Вид грмушесто многугодишно декоративно растение со розови цветови групирани во вид на топка; Hydrangea macrophylla.

хортикултура | ж.

Одгледување градинарски производи (цвеќиња, зеленчук и др.); градинарство.

хортикултурен | прид.

Што се однесува на хортикултура. Хортикултурно уредување.

хоругва | ж.

Црковно знаме насликано со ликови на светци што се истакнува за време на големи празници.

хоспитализација | ж.

Сместување во болничка установа.

хоспитализира | св. и несв.

Смести, сместува, прими, прима некого во болничка установа на лекување.