хоспитира | несв.
Присуствува како слушател, посетува часови како подготовка за вршење некаква дејност.
хостел | м.
Преноќиште, хотел од пониска категорија. Младински хостел.
хостеса | ж.
Домаќинка по службена должност на јавен настан, прием.
хотел | м.
Угостителски објект со опремени соби за ноќевање и комплетно или делумно покривање на дневните оброци. Луксузен хотел. Хотел со пет ѕвезди. Простории на хотелот.
хотелиер | м.
Сопственик на хотел, угостител. Успешен хотелиер.
хотелиерски | прид.
Што се однесува на хотелиер и хотелиерство.
хотелиерство | ср.
Дејност на поседување и управување со хотелски објекти.
хохштаплер | м.
Тој што со лажни отмени манири врши измама, измамник.
хоџа | м.
храбар | прид.
Што не се плаши, што е бестрашен; смел. Храбар воин.