хоризонт | м.
Видлива, привидна линија меѓу небото и земната или водната површина; видокруг Замаглен хоризонт. Облаци на хоризонтот. Сонцето се појави на хоризонтот.
хоризонтала | ж.
Хоризонтална линија, права паралелна со земната или водната површина.
хоризонтален | прид.
Што е паралелен со линијата на хоризонтот, легнат; Хоризонтален замрзнувач. Хоризонтална положба на телото.
хорист | м.
Пејач во хор. Хорист во операта.
хормон | м.
Биолошки активна материја во крвта која се излачува од жлездите со внатрешно лачење. Машки хормон. Хормон за растење. Рамнотежа на хормоните.
хормонален | прид.
Што се однесува на хормон. Хормонално нарушување.
хорна | ж.
Музички инструмент во вид на рог; рог.
хорнист | м.
Тој што свири на хорна.
хорографија | ж.
Опис на некоја земја или на некој крај.
хорор | м.
Страв, ужас.