храбрец | м.
Бестрашен, смел човек. Храбрец во животот.
храбри | несв.
Влева храброст некому, бодри некого. Таткото го храбреше синот. Нејзината насмевка го храбреше. Ги храбреа да издржат уште малку.
храм | м.
Објект, градба каде што се врши богослужба; црква. Православен храм. Соборен храм.
храна | ж.
Тоа што се јаде и се пие за да се одржува организмот во добра состојба. Здрава храна. Зрнеста храна. Сточна храна. Готвена храна. Конзервирана храна. Војничка храна. Изобилство од храна. Торба со храна. Резерви на храна. Храна за птици.
хранарина | ж.
Месечен паричен надоместок за трошоците за храна за еден оброк во работните денови.
храначка | ж.
храненик | м.
Тој што е одгледуван, издржуван од други луѓе, а не од биолошките родители; посвоеник.
хранет | прид.
Глаголска придавка од храни.
храни | несв.
Дава храна некому, помага да се храни некој неспособен или болен. Мајката го хранеше детето. Болниот го хранеа со сила. Добитокот редовно го хранеа и поеја. Кокошките ги хранеа со природна храна.
хранилиште | ср.
(арх.) Место каде што нешто се чува.